Грб на општина Василево
Општината има грб кој ја претставува општината и има форма што асоцира на штит. Во горната половина на грбот, на сино небо е даден изгрев на сонцето. Долната половина со едноставна геометриска парцелизација го претставува Василевското поле. На средината е поставен грозд, како еден од карактеристичните производи на ова поднебје, додека трилисната круна над него е поставена со цел да асоцира како на тутунопроизводството, така и на подемот (никнувањето) на било која од многубројните култури што се одлгледуваат кај нас. На долниот дел од рамката на грбот има венец составен од симетрично поставен плод на афион и “низа”. Афионот е предложен како симбол на плодноста и бериќетот, а “низата” која пред се остава впечаток на житен клас го нема доработено обликот на клас со намера да пружа асоцијација и на други низа производи карактеристични за овој регион. Под “штитот” е поставена хоризонтална жолта трака поивичена со зелена боја, на која со зелени букви пишува “Василево”.
Знаме на општина Василево
Знамето на општина Василево има правоаголен облик поделен дијагонално, при што долната страна е во зелена боја, а ја симболизира нашата животна средина, а горната страна во жолта боја, што го симголизира сончевиот зрак, симбол на желбата за слобода и светлина. На хоризонтално поставената основа е имплементиран грбот.