Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели информација за деталите од вчерашниот состанок со Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на која било разговарано за проектите кои Владата ќе ги финансира преку Министерството за локална самоуправа. Канализации во населените места Василево, Градашорци, Радичево и Ангелци, реконструкција на главниот пат во с. Пиперево со атмосферска канализација, асфалтирање на локалниот пат во с. Нова Маала што води кон гробиштата како и бетонски канали во населените места Владевци и Дукатино се проектите за кои општина Василево ќе побара средства од Владата.
„Денес во Владата се одржа состанок со Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на кој се дискутираше за средствата кои Владата преку Министерството директно ќе ги исплати на општините за капитални проекти. Општина Василево до новата Влада ќе ги предложи најбитните проекти од важност за секојдневното живеење на граѓаните на општина Василево:. Канализација во Василево,Градашорци,Радичево и Ангелци; Реконструкција на главниот пат во Пиперево со атмосферска канализација; Асфалтирање на патот до гробиштата во Нова Маала; Бетонски канал во Владевци; Бетонски канал во Дукатино“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.