Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информираше за продолжување на активнбостите на изградба на системот за водоснабдување во населеното место Дукатино.
„По долг застој успеавме да издејствуваме да продолжи изградбата на водоводниот систем во Дукатино Во исто време се трудиме како општина Василево да не се случи подолг застој со водоснабдувањето во оваа населено место. Долгите застои со водоснабдувањето во Дукатино се минато. Нашите очекувања се во наредниот период да заврши изградбата на новиот водоводен систем.“
Жителите од ова населено место години наназад се соочуваат со недостиг на вода. Проблемот е особено изразен во летните месеци кога и потрошувачката е зголемена.
Инаку средствата за изградба на системот за водоснабдување во Дукатино се обезбедени од ТАВ Програмата и согласно Договорот изнесуваат 26 000 000 денари.