Дневен ред за 41-ва Седница на Советот на општина Василево

На 08.09.2024 година (петок) со почеток во 19,30 часот,во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 41-та седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Давање и потпишување свечена изјава на член на Советот на општина Василево;
  2. Кваратлен извештај за извршување на Буџетот на општина Василево за 2024 година за периодот од 01.01.2024 до 30.06.2024 година, К1.
  3. Кваратлен извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2024 до 30.06.2024 година, К2.
  4. Кваратлен извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за за периодот од 01.01.2024 до 30.06.2024 година, К3.
  5. Предлог-одлука за утврдување на потреба за вклопување на бесправните објекти – станбена куќа на КП бр.931 во КО Радичево;
  6. Предлог-одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за ГП бр.179 на КП бр. 1091/1, КО Градашорци – вон град за изведба на градба од класата на намена Г3, Г4 на КП бр. 1091/1, КО Градашорци, вон град, општина Василево;
  7. Годишен план за вработување на ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за 2025 година;
  8. Годишна програма за работа за учебната 2024/2025 година на ООУ „Гоце Делчев“, Василево;
  9. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Влатко Митев од Василево;
  10. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Стојан Лазаров од Пиперево;
  11. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од здружение мото клуб Кастом Чоперс од Струмица;
  12. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Џавит Асанов од Пиперево;
  13. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено ОК Сушево од Сушево;
  14. Предлог-одлука за избор на член на Советот на општина Василево кој ќе учествува во процесот на одлучување за прашања на конфликт на интереси на градоначалникот на општина Василево;
  15. Предлог-одлука за пренесување на правото на користење и управување со фекален канализационен систем во с. Василево-Колектор крак 1 и крак 3 и фекален канализационен систем во с. Пиперево -колектор крак 1 и крак 2 на ЈПКД „Турија“, Василево;
  16. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево за измена на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за приклучување на корисниците на водоводната мрежа на на населените места Василево, Градашорци и Ангелци бр. 02-619/1 од 29.07.2021 год.
  17. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево за измена на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за приклучок на канализациониот систем на правните лица во населените места Пиперево, Василево, Градашорци и Ангелци бр. 02-620/1 од 29.07.2021 година;
  18. Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Турија“, Василево за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 г.
  19. Донесување Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Ратка Зафирова од Василево;
  20. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на просторот на градежно земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2024 година;
  21. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2024 година.

Дневен ред

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail