Bu Coffee House од Струмица победници на Street basket Владевци 2022

Екипата на  Bu Coffee House од Струмица се победници на  турнирот во улична кошарка Street basket Владевци 2022, кој по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, се одржа на  26 и 27 август 2022 година во населеното место Владевци.

Второто место им припадна на екипата  Фурна Чешма од Радовиш;  за третото место се изборија EON Marketing од Струмица, а како четвртопласирани завршија City Pub  од Берово. Натпреварите се играа на кошаркарското игралиште во населеното место Владевци.

Се натпреваруваа  8 екипи  и тоа по една од Берово, Радовиш, Колешино, Василево, Босилово, Владевци и две екипи од Струмица  за вкупен награден фонд од 30 000 денари,

Главен покровител на турнирот беше општина Василево.

3 8 13

6

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail