Новости

Покана за Ден на општина Василево

По повод 16 Декември – Денот на општина Василево, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов упатува отворена покана за свеченото одбележување,  кое  ќе се одржи во вторник 16.12.2025 година, во Домот на културата во Василево со почеток во 13,00 часот. На свеченоста свои обраќања ќе имаат претседателот на Советот на општина Василево, Миле Митевски и…

Прочитај Повеке

Асфалтиран патот во Владевци покрај амбулантата

„За прв пат е асфалтиран патот покрај амбулантата во Владевци. Проектот е реализиран во соработка со ЈПДП по иницијатива на општина Василево. Новата делница долга околу 500 метри е исполнување на едно долгогодишно барање на жителите на Владевци. Продолжуваме без застој и понатаму – со посветена работа и реализација на проекти за подобра инфраструктура во…

Прочитај Повеке

Градоначалникот Андонов на одбележување на празникот Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера во Струмица присуствуваше на настаните организирани во чест на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, заштитници на градот Струмица.  Преку фотографии споделени на неговиот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, Андонов сподели моменти од вчерашното чествување  на светителите кое се одвиваше во храмот Св. Петнаесет во Струмица. „За многу години денешниот празник! Со…

Прочитај Повеке

Општина Василево ги исплати субвенциите за велосипед, новороденче и прваче

Општина Василево ги исплати субвенциите на своите сограѓани кои имаа поднесено барања и доставено комплетна документација во врска со  објавени  јавни повици за: новороденче, купување велосипед и прваче во тековната 2025 година. „Субвенциите по сите основи се исплатени на сметките на граѓаните на Општина Василево! Ги потпишав Решенијата за исплата на субвенции за: нашите првачиња;…

Прочитај Повеке

Советот на општина Василево одржа вонредна седница

Денес на Вонредна седница, Советот на општина Василево донесе Одлука за измена на Одлуката за утврдување на критериумите за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2025 година. Според досегашната одлука распределбата на средствата од блок дотациите беше во износ од 69% за ООУ„ Гоце Делчев“, Василево и 31% за ООУ „Атанас Нивичански“, Нова…

Прочитај Повеке

Реконструкција и нов асфалт на дел од главната улица во Василево

Вчера започна реконструкцијата на дел од главната улица во населеното место Василево на делот од Домот на културата и паркот Методиј Митев до објектот во кој е сместена амбулантата и канцелариите на ЈПКД „Турија“, Василево. Реконструкцијата е после  поставувањето на системот за фекална канализација и истата ќе финализира со поставување на нов асфалт во споменатата…

Прочитај Повеке

Вонредна седница на Советот на општина Василево

Денес, со почеток во 10.00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе одржи вонредна седница На дневен ред се следниве предлози: Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2025 година бр. 08-1671/1 од 31.12.2024 година Предлог-одлука за…

Прочитај Повеке

Средба на градоначалникот Андонов со претседателот на општинскиот фудбалски сојуз – Струмица

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  беше домаќин на претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев. На средбата е разговарано за моменталната состојба во спортот и фудбалот, со акцент на најновите активности на ФК „Единство“ од Пиперево, кој  се натпреварува во Општинската фудбалска лига – Струмица. „Остварив плодна средба со претседателот на…

Прочитај Повеке

Епископот Јаков Стобиски во посета на градоначалникот на општина Василево

Викарниот Епископ Стобиски, г.Јаков,  во текот на вчерашниот ден го посети градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и му посака Божји благослов во секојдневната работа. „Денес, на големиот христијански празник Воведение на Пресвета Богородица во храм – Пречиста , добив благослов од Викарниот Епископ Стобиски, г. Јаков. Оваа средба претставува, силен поттик и одговорност да…

Прочитај Повеке

Во Пиперево, средба со граѓаните за креирање на Буџетот

Синоќа, градоначалникот на општина Василево  беше на средба со сограѓаните во населеното место Пиперево, каде во рамки на планирањето на Буџетот на општина Василево разговарано е за приоритните активности и проекти за наредната 2026 година. Доизградба на системот за фекална канализација во Пиперево, доизградба на главната улица и реконструкција на соблекувалната на фудбалското игралиште, се…

Прочитај Повеке