Градоначалникот Андонов на Св. Трифун, на закројување лозје

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 сподели информација од учеството во традиционалното закројување на лозјата, по повод Св.Трифун, одржано на лозовите насади на АД „Струмичко поле“.
По повод Христијанскиот празник Св. Трифун, тадиционално денес присуствував на закројување лозје на површините на АД „Струмичко Поле“ Василево.  Според православната црква, Св. Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети, несреќи и болести“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, кој упатува благослов и добри мисли за лозаропроизводителите:  „Нека биде плодна годината, со богат род, убаво грозје и преубаво Македонско вино. За многу години денот“, посакува Андонов.
Традиционално секоја година на православниот празник Св. Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите, градоначалникот на општина Василево заедно со своите соработници, почитувајќи ја традицијата, учествува во чинот на закројување на лозјата на плантажите на АД „Струмичко поле“, Василево.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail