Новости

Крводарителска акција во Василево

Вo среда, 04.02.2026 година, Општинската организација на Црвен крст-Струмица, во соработка и координација со општина Василево, организира крводарителска акција во Василево. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09,00 до 14,00 часот, во просториите на општина Василево. Организаторите упатуваат порака до граѓаните да се приклучат во акцијата и да ја покажат својата хуманост на дело.…

Прочитај Повеке

Се чисти дивата депонија покрај локалниот пат Василево-Пиперево

Општина Василево продолжува со комунално-еколошки активности. Се чисти дивата депонија покрај локалниот пат Василево -Пиперево, која претставува реална закана за загадување и на земјоделските површини  кои се покрај овој пат. Споделувајќи фотографии од активноста, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, упатува порака до граѓаните за одговорен однос и грижа за околината, која е наша, заедничка.…

Прочитај Повеке

Во општина Василево се чисти речното корито пред влезот на Пиперево

Тековно, во населеното место Пиперево, општина Василево во соработка со подружница АД „Водостопанство“-Струмица , спроведува активности на чистење на речното корито пред влезот во населеното место Пиперево, со цел спречување на излевање на реката. Фотографии и видео, https://www.facebook.com/reel/1410819043913734,  од активноста на теренот, сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој заедно со директорот на подружница АД…

Прочитај Повеке

Општина Василево започна со чистење на дивата депонија во Пиперево

Во текот на вчерашниот ден со механизација обезбедена од  ЈПКД „Турија“, на барање од општина Василево, започна да се чисти дивата депонија во населеното место Пиперево, лоцирана на излезот од населеното место, во близина на големото фудбалско игралиште. Информацијата со фотографии од оваа активност, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/o.vasilevo, ја сподели градоначалникот на општина Василево,…

Прочитај Повеке

Градоначалникот Андонов, домаќин на младиот каратист Димитар Јованов

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, беше домаќин на младиот и успешен каратист Димитар Јованов од Пиперево кој од  Балканското првенство во Србија се врати со три медали. Информација со фотографии од средбата на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов. „Голем успех за Димитар Јованов, на Балканското првенство во…

Прочитај Повеке

Градоначалникот Андонов на работен состанок за водоснабдителниот систем

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во петокот, 23.01.2026 година, заедно со градоначалниците на општина Струмица и општина Босилово, учествуваше во работата на состанокот што го одржаа со надлежните за водоснабдителниот систем во регионот. Според информацијата споделена на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, на состанокот присуствувале: Филип Филиповски –  генералниот директор на АД „Водостопанство“, Томе Спасов-…

Прочитај Повеке

Средствата од хуманитарниот Богојавленски настан- сречки, предадени на Влатко Митев

Вчера, градоначалникот на општина Василево,Славе Андонов,  со членовите на друштвото Баделци од Василево, собраните средства од хуманитарниот настан сречки, што се одржа на Богојавление Водици, во Василево, му ги предадоа на Влатко Митев од Василево, лицето за кое беа наменети. Како што информира Андонов станува збор за сума од 136 000 денари. Фотографија од посетата…

Прочитај Повеке

Богојавленски хуманитарен настан во Василево

Вчера, пред црквата „Успение на Пресвета Богородица“, во Василево, во организација на друштвото Баделци и под покровителство на општина Василево, се одржа хуманитарен настан, во вид на лотарија од која собраните средства беа наменети за помош и поддршка на Влатко Митев од Василево. „Прекрасен и достоинствен настан во Василево, пред црквата „Успение на Пресвета Богородица“.…

Прочитај Повеке

Испочитувана христијанската вера и традиција- осветени водите во населените места во Василево

Вчера, на големиот христијански празнок Богојавление водици, осветени беа водите во населените места на општина Василево. Овој свет христијански чин имаше поддршка и од локалната самоуправа која обезбеди награди за оние кои го извадија светиот крст од осветените води. „Бог се јави! Во духот на нашата православна христијанска вера, денес на повеќе места во нашата…

Прочитај Повеке

Едногласно усвоен Извештајот за извршувањето на Буџетот на општина Василево за 2025 година

Советот на општина Василево, на синоќа одржаната Седница, едногласно ги усвои кварталните извештаи за извршувањето на Буџетот на општина Василево за 2025 година. Според информацијата подготвена од одделението за финансиски работи во општина Василево, Извештајот се однесува за периодот од 01.01.2025 до 31.12 2025 година. Од планираните 271 396 677 денари во Буџетот на општина…

Прочитај Повеке