Author Archives: opstinaadmin

Народна игранка во Нова Маала под покровителство на општина Василево

„Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица во Нова Маала , под покровителство на општина Василево, ќе се одржи културно уметничка програма – ,,Народна игранка “. Нашиот македонски народ со право може да се гордее со една богата култура и традиција, која е создавана со векови и постојано се надградува и се пренесува“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов,  https://www.facebook.com/vasilevo24, за  Манифестацијата „Народна игранка“, која во организација на Здружение Културно уметничко друштво „Бежанци“, од с. Нова Маала ќе се одржи по повод празникот Голема Богородица.
Според програмата првиот ден, односно во недела на 24.08 2025 година, со свои изведби ќе настапат КУД „Бежанци“, Нова Маала, КУД „Злевски бисери“ од с. Злеово и „Осоговски извори“ од с. Оризари. Централната манифестација ќе биде во пресрет на празникот,   на 27.08.2025 со почеток во 21 часот со учество на Мирослав Мирчевски и групата „Грациозо“, како и  КУД „Бежанци“, Нова Маала и КУД „Св. Кирил и Методиј“ од с.Иловица.
Советот на општина Васиево, едногласно,  на една од своите седници донесе одлука за финансиска поддршка на оваа Манифестација од страна на општината.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Поставена заштитна ограда на повеќенаменското игралиште во с. Чанаклија

Општина Василево заврши со поставувањето на заштитната ограда на повеќенаменското игралиште во населеното место Чанаклија, со што овој спортски простор, комплетно е завршен.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, информацијата дополнета со фотографии ја сподели на својот ФБ профил.
„Постевена е заштитна ограда, на повеќенаменското игралиште во Чанаклија. Чанаклија за прв пат доби повеќенаменско игралиште во мојот мандат како Градоначалник. Некои само зборуваа, ние реализиравме дела“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, дополнета со фотографии од фактичката состојба.
Според техничката документација која е составеен дел на тендерската документација, должината  на оградата изнесува  24 метри и по нејзината должина поставени се 6 (шест) столбови односно канделабри со лед светилки со што се створени услови и за ноќно спортување. Средствата за оваа активност општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.
Ова игралиште беше изградено и пуштено во употреба пред околу една година, https://opstinavasilevo.gov.mk/%d0%bf%d1%83%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d1%83%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%b0-%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d1%81-%d1%87/  и  одтогаш активно се користи од жителите на Чанаклија.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Во Василево асфалтирана улица по поставена фекална канализација

„Во Василево асфалтирана улица, на која претходно беше поставена фекална канализациј.  Градиме насекаде – во секое населено место, на секоја улица каде што со години се чекало. Ова не е само асфалт – ова е доказ дека знаеме, можеме и работиме за Василево“,стои во ФБ објавата,  https://www.facebook.com/vasilevo24, на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по последната активност на општина Василево во делот на уредувањето на локалната патна инфраструктура како една од клучните активности со кои се придонесува за поквалитетен живот на граѓаните во општината.
Улицата е со должина од 292 метри и ширина од 3 метри, а буџетот за нејзина изградба, согласно Договорт со изведувачот е околу 1 600 000 денари обезбедени од сопствените извори на приходи.
Градоначалникот Андонов, најави континуитет во спроведување на планираните активности  односно реализација на проектите планирани со  Програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици во 2025 година во периодот што следува.
„Во наредниот период ќе се асфалтираат улици во сите населени места во општина Василево. Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата која планирам во целост да ја оправдам и да работам во нивен интерес“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Средба на градоначалниците на О.Василево и О.Кресна за проектот од ИПА ИНТЕРЕГ Програмата

„Граѓаните на Градошорци треба да се среќни затоа што токму во ова населено место ќе се реконструира Културниот Дом. Денес остваривме средба со градоначалникот на општина Кресна Николај Георгиев. Горд сум бидејќи општина Василево е добитник на грант од ЕУ меѓу првите осум проекти од Приоритетната оска 3 на програмта ИПА ИНТЕРЕГ за реконструкција на домот на културата во Градошорци.  Како рурална општина сме навистина среќни што успеавме заедно со општина Кресна да добиеме ваков грант од ЕУ.“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24,  за вчерашната средба со градоначалникот на општина Кресна,  Николај Георгиев, која се одржа во Кресна, каде градоначалниците имаа прес конференција во врска со заедничкиот проект „Интеграција на креативен, дигитален, зелен и еко туризам за одржлив развој на териториите  и заедниците на Кресна, Струмјани и Василево“. Ова е проект финансиран од  Програмата за прекугранична соработка Интерег – ИПА Бугарија  – Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027,  кој во наредните 24 месеци ќе го имплементираат општините Василево (Р.Македонија)  и Кресна во (Р.Бугарија). Целта на проектот е зајакнување на  соработката меѓу двете општини, Василево и Кресна, преку промоција на одржлив, модерен, еколошки туризам и истите да ги позиционира на мапата на туристички понуди како атрактивни четирисезонски туристички дестинации во прекуграничниот регион.
Вкупниот Буџет за сите планирани активности изнесува 963 379 евра од кои 822.272 евра или 85 % обезбедени од ЕУ преку Програмата и 15 % односно 145.107 евра обезбедени од партнерските општини.
Во рамки на проектот, на територијата на општина Василево, во населеното место Градашорци целосно ќе биде реновиран  Домот на културата, каде ќе има туристичко информативен центар, мултифункционална сала за културни настани и спомен соба посветена на мисионерката Мис Стон која се движела во прекуграничниот регион односно во општините Василево и Кресна. За активности кои ќе се реализираат на територијата на општина  Василево планиран е вкупен буџет од  302 357 евра од кои 85% обезбедени од Проектот и 15% од национални извори на приходи.
Од другата страна на границата, во општина Кресна,  согласно проектните активности ќе биде реконструиран постоечки  пионерски дом и истиот адаптиран во модерен еко центар „Синаница“ и Туристичкиот информативен центар и истите комплетно опремени со соодветна опрема и мебел.
Градоначалникот Андонов,  упати честитки до општиннскиот тим задолжен за активностите околу подготовката на целокупната документација  и текот на аплицирањето, чиј труд резултираше токму со обезбедување средства за реализација на овој прроект.
„Честитки до мојот тим за успешно завршеното аплицирање. Одговорното, домаќинско и тимско работење ги дава резултати Реконструкцијата опфаќа темелна реконструкција на постоечкиот објект : изградба на Туристички информативен центар; Спомен соба за Мис Стон и мултифункционална сала за културни настани и манифестации“, нагласи Андонов во информацијата споделена на социјалните медиуми.
Крајниот рок за имплементација на сите планирани активности е 19.03.2027 година.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА за прскање против комарци

Во рамки на активностите за заштита од комарци и во спроведувањето на Програмата за дезинсекција, ги известуваме граѓаните на општините од Југоисточниот плански регион дека на 15, 18 и 19 август 2025 година ќе се изврши ларвицидна и теристична дезинсекција, согласно следниот распоред:
15 август 2025 (петок)
*Ларвицидна дезинсекција во претпладневните часови
* Општини: Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче и Радовиш
 18 август 2025 (понеделник)
* Теристична дезинсекција (од земја) во вечерните часови, од 20:00 до 24:00 часот
* Општини: Дојран, Валандово, Струмица, Василево, Босилово, Ново Село
Дезинсекцијата ќе се изврши со хемиски средства одобрени од надлежните институции, во целосна согласност со пропишаните здравствени, безбедносни и еколошки стандарди.
Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени и реализирани во првиот следен поволен термин.
Апел до пчеларите: Се замолуваат сите сопственици на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во наведените термини на прскање.
Оваа активност се спроведува со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението од појава и ширење на преносливи заболувања.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Со средства од општината, Чанаклија гради помошен објект за верски обреди

„Жителите од исламска вероисповед во Чанаклија добиваат помошен објект, кој ќе го користат за нивните обичаи. Финансиските средства се обезбедени од буџетот на општина Василево. Исполнуваме барање на дел од граѓаните на Чанаклија“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, во врска со една од тековните активности кои се одвиваат за кои општината Василево обезбедила финансиски срредства.
Општината како добар домаќин континуирано  покажува грижа за своите граѓани, одобрувајќи им финансиски средства или соодветни ресурси за решавање на прашања и потреби кои се од интерес и значење за функционирање на заедницата и задоволување на одредени заеднички потреби кои ќе придонесат за нивен  поквалитетен живот.
Спортски клубови, здруженија на граѓани со различен делокруг на делување, верски објекти како и поединци со финансиска помош од општината успеваат да реализираат дел од своите програмски цели и ургентни потреби. Практикувајќи го овој начин на поддршка општина Василево најдиректно се става во функција  на заедницата во моментите кога потребите се најургентни.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Aктивности во насока на решавање на прашањето со водоснабдувањето во Висока Маала

„По неколку успешни конструктивни средби со амбасадата на Р.Турција во Р.Македонија, оствариме и работна средба со претставници на министерството за водостопанство на Турција. Разговаравме за изготвувањето на техничка документација за водоснабдувањето во Висока Маала“, објави на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов во врска со последните активности за решавање на прашањето за водоснабдување на жителите на населеното место Висока Маала.
Ова населено место има сериозен проблем со водоснабдувањето кое е особено изразено во летниот период кога потребите се зголемени. Граѓаните со вода за пиење се снабдуваат преку систем за водоснабдување  чиј капацитет не  е доволен  за задоволување на нивните секојдневни потреби. Во изминатите години правени се  повеќе интервенции во системот за водоснабдување,  но без да се постигнат посакуваните резултати.
Партнерството со турската влада ќе обезбеди целосно и трајно решавање на овој исклучително сериозен проблем. Комуникацијата на општина Василево со претставниците на турската администрација и Н.Е  амбасадорот на Р.Турција во Р.Македонија, која започна пред неколку години,  се во насока токму на  такво квалитно и трајно решение решение.
Висока Маала е наслено место во општина Василево, сместено во високопланинскиот појас на општината во кое живее исклучиво турско население, кое според последниот попис од 2021 година има 697 жители и 184 домаќинства.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево со исплата на субвенции за велосипеди, новороденчиња и првачиња

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку општинскиот ФБ профил, https://www.facebook.com/o.vasilevo, сподели информација за исплатата на најновите видови финансиска помош која општината а обезбди за своите граѓани: субвенции за набавка на велосипеди, финансиска помош за првачиња и за новороденчиња, чија исплата тековно се одвива.
„Од презадолжена општина до општина што враќа на граѓаните! Исплатени се субвенциите за велосипеди, новороденчиња и првачиња.  Со гордост објавуваме дека Општина Василево денес е финансиски способна да инвестира во ВАС – нашите жители!
Субвенции за ВЕЛОСИПЕДИ
Ги поттикнуваме здравите навики и еко-начинот на живот. Аплицирајте и добијте поврат на средства при купување нов велосипед!
Субвенции за НОВОРОДЕНЧИЊА
Секоја нова радост заслужува поддршка! Добивањето на дете сега е придружено со финансиска поддршка од општината.
Субвенции за ПРВАЧИЊА
Започнувањето на образованието е голем чекор – ние сме тука да помогнеме. Субвенции за првачиња за полесен почеток на училишниот пат.
Одговорно управување со буџетот значи враќање на средствата назад кај граѓаните.
Денес инвестираме во иднината – во децата, здравјето и животната средина!
Аплицирајте веднаш – направете ја промената што ја заслужувате“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, која воедно е и апел до граѓаните да поднесат барање до општината и да ги искористат финансиските поволности обезбедени за нив.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево насипуваше и тампонираше улици во населените места

Општина Василево спроведе активности на насипување и тампонирање на улици во неколку населени места. Главно се работи за улици чија состојба беше влошена после последните врнежи од минатата недела. Обемот на спроведените активности е во согласност со состојбите и потребите утврдени на терен. Со сопствена механизација и човечки ресурси  на терен беше вклучено Јавното комунално претпретие „Турија“, од Василево кое вообичаено е дел од ваквите и слични активности на општината.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информираше за активноста притоа споделувајќи и фотографии од состојбата на лице место.  „Насипани и тампонирани улици во повеќе населени места Нова Маала, Доброшинци,  Едрениково и Владиевци“, стои во неговата објава.
Во текот на оваа година, општина Василево има спроведено уште неколку вакви активности на насипување и тампонирање на селки патишта и улици како и насипување и тампонирање на полски патишта за полесен пристап на земјоделците кон своите површини.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

По втор пат Меморијален турнир во мал фудбал, Трајчо Петров-2025 година

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, а во чест и спомен на спортскиот работник Трајчо Петров од Василево, и годинава ќе се организира турнир во мал фудбал. Фудбалскиот терен во Василево ќе биде местото каде учесниците преку спортска игра ќе му искажат почит на овој спортски работник кој ќе остане инспирација за следните генерации спортисти од Василево.
„Општина Василево го слави и почитува делото на Трајчо Петров . Во негова чест организираме по втор пат турнир во мал фудбал пред големиот празник Успение на Пресвета Богородица, на фудбалскиот терен во Василево. Со својот придонес на теренот како играч, тренер и воопшто спортски работник, тој останува вечна инспирација за сите нови генерации и со право може да се вброи во групата на големи фудбалски легенди не само во Василево туку и во Македонија. Фудбалските легенди се оние кои поставуваат нови стандарди, оставаат трајни наследства и незаборавни моменти во фудбалската историја..  Се радувам што славејќи го и почитувајќи го ова легендарно име создаваме една нова приказна која се надевам дека ќе прерасне во една убава традиција и дека ќе биде од големо значење за развојот и унапредувањето на фудбалот на локално и национално ниво. „На големите луѓе е непотребно да им се подигаат споменици: нивните дела се нивните споменици”, стои во ФБ објавата,   https://www.facebook.com/vasilevo24, на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов со која го најавува престојниот турнир.
Турнирот ќе биде финансиски поддржан од општина Василево.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail