Дневен ред за 31-та Седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во среда, 30 септември 2015, со почеток во 15,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 31-ва Седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Предлог-годишна Програма за работа на ООУ„Гоце Делчев“ Василево за учебната 2015/2016 година
2. Предлог-годишна Програма за работа на ООУ„Атанас Нивичански“ Нова Маала за учебната 2015/2016 година
3. Годишен извештај за работа на ООУ„Гоце Делчев“ Василево за учебната 2014/2015 година
4. Годишен извештај за работа на ООУ„Атанас Нивичански“ Нова Маала за учебната 2014/2015 година
5. Предлог-годишна Програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за учебната 2015/2016 година
6. Предлог –решение за именување на членови на Училишниот одбор на ООУ„Атанас Нивичански“ Нова Маала.
7. Предлог-решение за избор на членови на Совет на млади на општина Василево.
8. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата бр.07-2332/1 од 27.11. 2014 за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици за 2015 година.
9. Предлог-Програма за изменување и дополнување на на Програмата бр.07-2337/1 од 27.11.2014 година за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево за 2015 година.
10. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата бр.07-2335/1 од 27.11.2014 година за уредување на градежно земјиште во индустриската зона на општина Василево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail