Божиќна честитка од градоначалникот на општина Василево

DSCN7514

Почитувани сограѓани, верници од Православна вероисповед!

По повод големиот Христијански празник, Раѓање Христово – Божиќ, Ви упатувам искрени честитки со желби за добро здравје, духовен мир, и меѓусебно разбирање.
Овој голем празник нека биде причина повеќе, во духот на Христијанството, почитувајќи го и негувајќи го заедништвото и хуманоста како едни од најголемите човечки вредности, да споделите убави моменти со семејството и пријателите.
Надежта, добрината и вербата нека ги исполнат Вашите домови и срца, и нека Ве водат во деновите што идат.

Христое се роди! Вистина се роди!
Среќен Божиќ!

Градоначалник,
Ванчо Стојанов

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail