Општина Василево изврши бетонирање на пристапната патека во гробиштата во населеното место Ангелци. Оваа активност е планирана со Програмата за измена и дополнување на Програмата за уредување на просторот на градежно земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2025 година. Средствата за изградба на патеката, согласно Договорот со компанијата изведувач изнесуваат 229 934 денари и истите се планирани со Буџетот за 2025 година а обезбедени од сопствените извори на приходи. Вкупната површина на патеката според податоците од техничката документација изнесува 120 м2 .
Вчера, увид во изведбата на работите на лице место направи градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој преку фотографии сподели дел од тековните активности.
„Бетонирана пристапна патека во селските гробишта во Ангелци. Оваа е долгогодишно барање, на граѓаните од населеното место Ангелци. Средствата за реализација на овој проект целосно се обезбедени од Буџетот на општина Василево“, стои во објавата на градоначалникот, https://www.facebook.com/vasilevo24, споделена преку социјалните медиуми.





