Василево повторно доби канцеларија за матични работи

Во населеното место Василево, во реновираниот Дом на културата,  беше отворена подрачна канцеларија на Управата за водење на матични книги, популарно познато како матично, кое беше затворено пред околу пет години.
По тој повод увид во новите простории направија директорот на Управата за водење на матични книги и грaдоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
„Со директорот на Управата за водење на матични книги, извршиме увид на просториите каде ќе биде сместено матичното односно во домот на културата во Василево.
После цели пет години, конечно ја отвораме, повторно канцеларијата на матично во Василево.
Знам колку мака и нервози на граѓаните им создаваше, тоа што за еден обичен документ мораа да патуват во други места. Од денес па натаму, матичното е тука – дома, кај што му е местото. Ова е чекор напред за сите нас, затоа што нашата администрација мора да биде блиску до народот, а не далеку од него. Аирлија нека е! Да им служи на граѓаните“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24,  со која со граѓаните ја споделува веста за повторното отварање на канцеларијата на оваа служба.
Граѓаните од населените места на општина  Василево, како и од Добрејци и Просениково, сите документи кои спаѓаат во делокругот на работата на оваа служба, како изводи на родени, изводи на венчани, изводи на умрени ќе можат да ги вадат во оваа канцеларија, како и регистрација односно склучување на граѓански брак за сите оние кои ќе се одлучат тоа да го направат во својата матична општина.
Изјавата за медиумите на градоначалникот Андонов, може да се види на следниот линк: https://www.facebook.com/vasilevo24/videos/4128672167374096.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail