Деновиве на територијата на општина Василево беше отворена приватната болница „Мартини“, современ здравствен центар за гинекологија и акушерство.
На отварањето присуствуваше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој и преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, упатува честитки за отварањето на овој најголем здравствен објекто од ваков тип во Југоисточниот регион.
„Горд сум како градоначалник што заедно со мојот тим овозможивме ваква голема инвестиција токму во нашата општина! Болницата е опремена со најсовремена медицинска технологија и претставува најголем здравствен објект од ваков тип во југоисточниот регион.
Оваа инвестиција има огромно значење за развојот на општина Василево, а посебно за женската популација, која отсега ќе добива врвна здравствена услуга – дома, во својата општина. Општина Василево станува центар на развој и инвестирање.
Честитки за д-р Д-р Никола Маџунков и семејството Маџункови! Посакуваме успешна работа и многу задоволни пациенти“ стои во објавата на Градоначалникот на општина Василево.
Болницата е лоцирана на излезот од населеното место Градашорци во правец на Радовиш,на десната страна од магистралниот пат Струмица – Скопје.
Во Василево е отворена Специјалната болница за гинекологија и акушерство, „Мартини“




