Во Василево се асфалтираше главната улица

Со видео објава на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/reel/25572211129084612, градоначалникот на општина Василево,   Славе Андонов сподели информација за асфалтирањето на главната улица во населеното место Василево, реализирано вчера доцна попладне. Конкретно се работи за трасата од паркот „Методиј Митев“ во близина на Домот на културата во Василево до објектот на амбулантата и канцелариите на ЈПКД „Турија“’, Василево.
Ова е последната фаза од реконструкцијата на оваа улица, под која најпрво е поставен систем за фекална канализација,  по што е поставен тампон односно направени се сите подготовки за асфалтирање за на крај да финализира со нов асфалтен слој.
Со асфалтирањето, улицата која поради споменатите активности извесен период  беше затворена за сообраќај, повторно е вратена во функција со што граѓаните кои ја користат сега имаат квалитетно и трајно инфраструктурно решение.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail