Во Нова Маала се одржа Народна игранка

Синоќа, 24.08.2025 година, во населеното место Нова Маала, на платото пред Домот на културата   се одржа културно-забавен настан,  Народна игранка со македонски народни песни.   Повод е големиот христијански празник Голема Богородица, кој е црковна и селска слава на жителите од ова населено место. Ноќта спроти празникот, среда,  28.08.2025 г. со почеток во 21 часот ќе се одржи централната манифестација со Мирослав Мирчевски и групата „Грациозо“, а со сплет од свои културно уметнички изведби ќе настапат и КУД „Бежанци“, Нова Маала и КУД „Свети Кирил и Методиј“ од Иловица.
Информација  со видео од синоќешната Народна игранка, на својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24/videos/1130438698972381, сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
Финансиска поддршка за Манифестацијата, која се одржува за прв пат, овозможи Советот на општина Василево на една од своите седници, со едногласна одлука, изразувајќи го на тој начин и ставот на општината во делот на поддршката на културата и негувањето на традицијата на своите сограѓани.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail