Во општина Василево доделени уверенијата на Градоначалникот и членовите на новиот општински Совет

Членовите на новоизбраниот Совет на општина Василево и градоначалникот, денес ги примија уверенијата, со што и официјално беа потврдени нивните мандати за наредниот четиригодишен период.
Славе Андонов по втор пат ја доби довербата на  граѓаните и во наредните четири години ќе продолжи да раководи со општина Василево.
Советот на општина Василево се состои од 15 членови. Според изборните резултати и освоените гласови, единаесет се од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ и тоа: Миле Митевски, Александра Николова, Томе Ѓоргиев, Војо Џингарски, Силвана Атанасова, Таип Демиров, Маријана Делијанова, Мујмин Дестанов, Суза Коцева, Роберчо Манасиев и Дарко Спасовски.
Коалицијата предводена од СДСМ има освоено три советнички места, во Советот претставени од: Стојан Ташев, Јомер Мустафов и Александра Ѓорѓева.  Едно советничко место обезбеди и Движење ЗНАМ- за наша Македонија која во Советот ќе биде претставена од Орце Панчев.
Градоначалникот Андонов честитајќи им го мандатот на сите советници,  нагласи дека општина Василево продолжува да биде отворена за сите граѓани како и досега и дека општото добро на граѓаните останува врвен приоритет во работата на Градоначалникот и Советот. Андонов изрази надеж  за успешна соработка со сите советници и Совет во кој одлуките ќе се носат со консензус.
Повеќе фотографии од настанот на следниот линк: https://www.facebook.com/vasilevo24

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail