Во општина Василево се чисти речното корито пред влезот на Пиперево

Тековно, во населеното место Пиперево, општина Василево во соработка со подружница АД „Водостопанство“-Струмица , спроведува активности на чистење на речното корито пред влезот во населеното место Пиперево, со цел спречување на излевање на реката.
Фотографии и видео, https://www.facebook.com/reel/1410819043913734,  од активноста на теренот, сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој заедно со директорот на подружница АД „Водостопанство“, Струмица, Томе Спасов,  беше на лице место.
„По обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија регионот,се зголеми ризикот од излевање на реката пред населеното место Пиперево. На лице место, заедно со директорот на подружницата „Струмичко поле“ при АД Водостопанство, Томе Спасов , извршивме увид и ги лоциравме најкритичните точки со цел навремена и ефикасна интервенција и што поскоро санирање на состојбата“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, кој изразува благодарност за брзата интервенција на терен и најавува продолжување на  активностите согласно утврдената состојба. „Благодарност до екипите на АД „Водостопанство“ за брзата реакција и ангажманот на терен. Остануваме присутни и целосно посветени сѐ до целосно решавање на проблемот“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail