Во Радичево ќе се гради систем за фекална канализација

„Добро утро драги мои од Радичево. Со убави вести го почнуваме денот – конечно целото населено место ќе добие фекална канализација. Потпишан е договорот со изведувачот Жикол од Струмица, а со тоа се отвори едно ново поглавје за подобар и поквалитетн живот во нашето Радичево. Почнуваме реализација на еден од најважните инфраструктурни проекти за Радичево. Како градоначалник си стојам на зборот – ветеното се исполнува“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за потпишувањето на Договорот за изградба на систем за фекална канализација во населеното место Радичево.
Буџетот за овој  капитален проект изнесува  52 929 787 денари, обезбедени преку вториот повик на Владата за средства од унгарскиот кредит. Со системот за фекална канализација ќе биде опфатено целото населено место. Согласно техничката документација на терен ќе бидат изведени шест колектори и тоа: колектор К0 во должина од 524 метри и колектори К1, К2, К3, К4 и К5  со припадни канали во должина од 8235 метри или вкупно околу 9 км. колекторска мрежа со која секое домаќинство ќе добие можност за приклучување на системот за фекална канализација
Согласно Договорот со компанијата изведувач комплетната изградба треба да заврши до крајот на наредната 2026 година.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail