Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, беше домаќин на младиот и успешен каратист Димитар Јованов од Пиперево кој од Балканското првенство во Србија се врати со три медали. Информација со фотографии од средбата на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов. „Голем успех за Димитар Јованов, на Балканското првенство во карате, во Србија! Имав средба со младиот и успешен спортист Димитар Јованов од Пиперево, кој оствари извонреден резултат на Балканското првенство во Србија и освои: 1 место – категорија Кихон Кумите; 2 место – категорија Кати поединечно и 3 место – категорија Кихон Кумите. Честитки Димитар! Продолжи да не правиш горди! Горди сме на вакви млади шампиони“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.
Градоначалникот Андонов, домаќин на младиот каратист Димитар Јованов


