Градоначалникот Андонов им поска успешен старт на ОК Сушево

Викендов ОК „Сушево“ од Сушево на домашен терен ја стартуваше натпреварувачката сезона 2025/2026.  Првиот натпревар го одиграа со одбојкарите на УГД Штип.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во знак на поддршка присуствуваше на натпреварот и лично им посака успешен старт.
„Денес им посакав успешен старт на сезоната на нашите одбојкари од ОК Сушево! Горди сме на нивниот труд, борбеност и љубов кон спортот. Тие се нашата гордост, нашите момци кои со срце играат за Сушево!  Сигурен сум дека и оваа сезона ќе не радуваат со победи и добри игри. Напред ОК Сушево — цела општина е со вас“, стои во објавата на Градоначалникот, споделена на социјалните медиуми, https://www.facebook.com/vasilevo24

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail