Градоначалникот Андонов на работен состанок за водоснабдителниот систем

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во петокот, 23.01.2026 година, заедно со градоначалниците на општина Струмица и општина Босилово, учествуваше во работата на состанокот што го одржаа со надлежните за водоснабдителниот систем во регионот.
Според информацијата споделена на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, на состанокот присуствувале: Филип Филиповски –  генералниот директор на АД „Водостопанство“, Томе Спасов- раководителот на подружница АД „Водостопанство“-Струмица и директорот на ЈПКД „Комуналец“, Струмица- Кире Синдраковски.
„ Посебен акцент беше ставен на браната Турија, од каде што Василево се снабдува со вода за пиење, како и на потребата од итна санација на испусниот вентил, кој не е во функција повеќе од осум години.  Продолжуваме со конкретни чекори за обезбедување сигурно и квалитетно водоснабдување за нашите граѓани“, стои во информацијата споделена од градоначалникот, Андонов.
Со вода за пиење од брана Турија се снабдуваат и граѓаните на општина Струмица. Состанокот е одржан  во кабинетот на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail