Дневен ред за Втората седница на Советот на општина Василево

На 11.11.2025 година (вторник) со почеток во 09,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи Втората седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-решение за формирање на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;
  2. Предлог-решение за формирање на Комисија за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата;
  3. Предлог-решение за формирање на Комисија за општествени дејности;
  4. Предлог-решение за формирање на Комисија за земјоделие и заштита на животните и растенијата;
  5. Предлог-решение за формирање на Комисија за статут и прописи;
  6. Предлог-решение за формирање на Комисија за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита;
  7. Предлог-решение за формирање на Комисија за еднакви можности;
  8. Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2026 година;
  9. Предлог-одлука за определување на членови на Советот на општина Василево да учествуваат во постапката при склучување на бракови во општина Вaсилево;
  10. Давање согласност за паралелки под законски минимум за учебна 2025/26 година во ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала;
  11. Годишен извештај за работа на ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за учебната 2024/2025 година;
  12. Годишен извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев“, с. Василево за учебната 2024/2025 година;
  13. Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Турија“, Василево за трето тромесечие за 2025 година за период од 01.01.2025г. до 30.09.2025 г.
  14. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2025 година;
  15. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на просторот на градежно земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2025 година;
  16. Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2025/2026 година во зимски услови;
  17. Предлог-одлука за избор на член на Советот на општина Василево кој ќе учествува во процесот на одлучување за прашања на конфликт на интереси на Градоначалникот на Василево;
  18. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од ООУ „Гоце Делчев“, Василево;
  19. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Боби Горгиев од Градашорци;
  20. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Кик бокс клуб К1 Арена Рашо Струмица;
  21. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Зоран Костадинов од Василево;
  22. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Крсте Трајковски од Добрашинци.

Дневен ред

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail