На 26.12.2025 година (петок) со почеток во 18,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи четвртата седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-одлука за измена и дополнување на програмата за развој за 2026 година;
- Предлог-одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата основното образование за 2026 година;
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници за 2026 година;
- Буџетски календар за 2026 година;
- Буџет на општина Василево за 2026 година;
- Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2026 година;
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2025 година;
- Елаборат за промена на времетраењето на ученичките паузи во текот на наставата во ООУ „Гоце Делчев“, Василево;
- Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево;
- Давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, Василево;
- Предлог-одлука за донација на ЈЗУ Општа болница, Струмица;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ОК „Сушево“ од Сушево;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Општински фудбалски сојуз Струмица,
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од МЗ Пиперево;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ЛД „Беласица“, Струмица;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Академија „Христов“.