Дневен ред за 52-ра седница на Советот на општина Василево

На 09.07.2025 година (среда), со почеток во 20,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 52-та седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-правилник за еднократна парична помош за прваче запишано во основно училиште на територијата на општина Василево за учебната 2025/2026 година;
  2. Предлог-одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со прваче на подрачјето на општина Василево во учебната 2025/2026 година;
  3. Барање од ООУ „Гоце Делчев“, Василево за утврдување на цена на линиски превоз;
  4. Барање на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за утврдување на цена на линиски превоз;
  5. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Здружение Културно уметничко друштво играорна група „Бежанци“, Нова Маала за организирање на манифестацијата „Народна игранка“ во Нова Маала;
  6. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од здружение Културно уметничко друштво „Бежанци“, Нова Маала за учество на манифестација во Петровац, Р.Србија;
  7. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Академија Христов од Василево.

Дневен ред

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail