Едрениково доби две асфалтирани улици

Во населеното место Едрениково, општина Василево асфалтираше две улици планирини со
Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2025 година.
„Зборот си е збор! Во Едрениково две улици добија нов асфалт. Ветивме и исполнивме – продолжуваме со работа“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, за најновите активности во делот на изгеадбата на локалната патна инфраструктура.
Според техничката документација се работи за две помали улици во должина од 50 и 70 метри односно вкупно асфалтирана површина од 435 м2. Буџетот за нивната реализација изнесува 666 808 денари, средства планирани и обезбедени од сопствените извори на приходи на општината.
Општина Василево и во наредниот период, во континуитет продолжува со реализација на планираните активности од годинешната Програма за изградба на локални и патишта и улици.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail