Со утврдување на групите и пријателски натпревар започна традиционалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево, кој се одржува во спомен на младиот Славе Стојанов. Турнирот се одржува под покровителство на општина Василево.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за стартот на турнирот, вети поддршка и за во иднина. „Започна турнирот во мал фудбал Ч`крче во Пиперево кој е традиционален и се одржува во чест и спомен на младиот Славе Стојанов. Покровител на истиот е општина Василево. Општина Василево и понатаму ќе го подржува овој турнир“, стои во ФБ објавата на Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24.
Учество имаат пријавено 15 екипи од Струмичкиот регион распоредени во три натпреварувчки групи:
– Ал Хилал, Фенербахче, Славе комерц, Гостилница Кај В’че М&М, Бирлик;
-Дрвош, Беласица, Импулс радио, Винарија Здравко, Тотал инженеринг и
-Дивино Босилово, ПД Томови, Еко стил, Афро фреш, Адмирал џек-пот
Натпреварите започнуваат во 20,30 часот и се играат на спортскиот терен во центарот на населеното место.
Вечерва ќе се одиграат следните натпревари:
20,30 Агро фреш – Еко стил
21,15 Импулс радио – Беласица
22,00 Импулс радио – Бинарија Здравко
За најдобрите екипи и поединци обезбедени се награди.



