Денес, 22.08.2025 година со почеток во 16,30 часот, во Василево започнува Меморијалниот турнир Трајчо Петров, кој се одржува во спомен на Трајчо Петров, вљубеник во спортот и спортски работник од с. Василево. Според најавата од организаторот, https://www.facebook.com/profile.php?id=61564658577045, денес на големото фудбалско игралиште во Василево ќе се надигруваат младите фудбалери од генерација 2016 година од фудбалските клубови: ФК Libra kids,Фудбалска академија Христов, ФК Детонит Плачковица и ФК Беласица како и фудбалерите од генерација 2013 од ФК Libra kids, ФК Нови таленти, ФК Детонит Плачковица и ФК Беласица.
Турнирот се одржува втора година по ред. Покровители се општина Василево, фамилија Петрови и Фудбалска академија Христов – Нови таленти.
Финансиска поддршка обезбеди Советот на општина Василево со едногласна одлука на една од своите седници со што советниците го изразија својот став во врска со поддршка и негување на спортот и спортските активности на локално ниво.





