Изградба на последните краци фекална канализација во с. Пиперево

„Во Пиперево се градат последните краци фекална канализација. Зборот што го дадов – денес е реалност. Со дела а не со празни зборови“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, со која информира за последните градежни активности на фекалната канализација на с. Пиперево . „Денес сме сведоци на реализцаија на уште едно исполнето ветување. Во Пиперево се градат последните метри од фекална канализација која претходно ја ветивме. Ова е проект за кој одамна зборувавме. Нешто што беше потреба за секојдневниот живот на луѓето и конечно тоа станува реалност . Кога пред граѓаните го дадов зборот дека секое населено место ќе добие подобри услови за живеење многумина велеа дека тоа ќе биде тешко или невозможно. Но јас верував и уште поважно, работев со тимот, со соработниците и сограѓаните. Резултатот денес го гледаме овде во Пиперево. Оваа канализација значи почисто Пиперево, повеќе здравје за сите граѓани, за децата и подобра иднина за секое семејство. Тоа е вистинската победа. Кога делата зборуваат наместо празните ветувања. Ова не е крај. Напротив ова е мотив плус да продолжиме уште посилно. Ќе има нови проекти, нови успеси и уште повеќе реализирани ветувања. Јас сум човек што си стои на дадениот збор. Денес Пиперево го потврдува тоа. Ви благодарам за довербата и ви ветувам заедно продолжуваме понатаму, порачува градоначалникот Андонов, во своето видео обраќање,  https://www.facebook.com/reel/1885620338963728, при неговата посета на Пиперево и увидот во активностите на изградбата на канализациониот систем.
Конкретно во градба се Колектор К1 со приклучни краци во вкупна должина од 1438 метри и буџет од 6 922 801 денари обезбедени преку Вториот владин повик за средства од унгарскиот кредит и уште еден крак во должина од 156 метри и буџет од 1 166 102 денари обезбедени од сопствените извори на приходи на општината.
Со завршувањето на изградбата на овие краци, Пиперево ќе биде комплетно покриено со систем за фекална канализација а со тоа и сите домаќинства ќе имаат можност да се приклучат на канализациониот систем.
Цената за приклучување на домаќинствата кон системот за фекална канализација изнесува 20 000 денари

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail