Анализата направена на реализацијата на буџетот на општина Василево во последните пет години, покажува континуиран раст, кој како што стои во информацијата споделена од градоначалникот на општината, Славе Андонов, е резултат на одговорно работење, што се гледа од прикажаните податоци за периодот од 2021 година каде реализацијата била 63,9% до 2025 каде реализација е 89% од планираните средства.
„Реализација на буџетот – континуиран раст и одговорно работење. 2021 – 63,9%, 2022 – 87,7%, 2023 – 82,3%, 2024 – 84,6%, 2025 – 89,0%. Овие бројки не се само проценти – тие се доказ за посветеност, домаќинско работење и реализација на ветеното. Од година во година ја зголемуваме реализацијата на буџетот и покажуваме дека кога се работи чесно, транспарентно и одговорно – резултатите се видливи. 2025 година бележи највисока реализација досега – 89%. Продолжуваме со уште посилен инвестициски циклус, повеќе проекти и подобри услови за живот за сите граѓани на општина Василево.
Зборот даден – збор исполнет“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, споделена на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.
Континуиран раст на реализацијата на буџетот на општина Василево
