Манифестацијата Ден на празот испиша уште една страница

Вчера, во организација на општина Василево, во дворот на црквата Св. Никола во Градошорци, се одржа манифестацијата Ден напразот.  Бројните посетители,  специјалитетите од праз посебно  подготвени  за оваа прилика, пригодната програма и одличната атмосфера беа причина, оваа Манифестација која започна во 2008 -та година да испише уште една страница од приказната за промоцијата на најдобриот праз во Државата.
Домаќинот, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во своето обраќање, поздравувајќи ги присутните изрази благодарност до сите вклучени во нејзината организација чиј краен резултат е огромната посетеност и зголемениот интерес од година во година кои придонесуваат за популаризација на празот како култура и храна и потврда за богатата гастрономска традиција на нашето поднебје.
Својот став за Манифестацијата, Андонов го сподели преку неговиот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, „Денот на празот” е најдобрата и најпосетена манифестација од овој вид! Посетеноста од година во година е се поголема! Успешно ја одбележавме Празијадата 2025! Со мојот тим покажавме дека општина Василево може да организира големи настани. Она што неколку години беше желба се претвори во реалност, ја вративме манифестацијата “Денот на празот” во полн сјај .  Општина Василево е горда,бидејќи има пријатели .Премиерот Hristijan Mickoski и министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Cvetan Tripunovski со своето присуство дадоа подршка на манифестацијата. Во прекрасна атмосфера, заедно со многубројните посетители, ја одржавме традиционалната Празијада во дворот на црквата „Св. Никола“ во Градошорци. Нашите вредни домаќинки и учесници подготвија најразлични специјалитети од праз, кои уште еднаш ја потврдија богатата гастрономска традиција на нашето поднебје. Добра музика, дружење и убаво расположение го направија овој настан посебен. Продолжуваме да ја негуваме македонската традиција и да создадеме настани што ги обединуваат луѓето“
Меѓу гостите беше и Премиерот на Владата на Р.Македонија, Христијан Мицкоски, чиј јавно споделен споделен став е дека ова е „Настан кој веќе традиционално го собира народот од целата околина за да се прослави богатството на локалната земја и трудот на вредните земјоделци, исполнет со прекрасна енергија и дружење“, https://www.facebook.com/MickoskiHristijan. На Манифестацијата присутен беше и Министерот за земјоделство  шумарство и водостопанство, Цветан Трипуноски, кој јавно поздравувајќи ги присутните упати и порака до младите да се вклучат во земјоделскиот сектор: „Ги охрабрувам младите да се вклучат во земјоделскиот сектор, бидејќи храната е основна потреба, а светските трендови покажуваат дека производството на храна е сериозен предизвик“, порача Министерот, https://www.facebook.com/tripunovskicvetan.
Многубројните присутни, меѓу кои имаше и пратеници, градоначалници,членови на општинските совети освен доброто расположение и убаво поминатото време имаа можност со себе да си купат и пра, понуден од локалните производители.
На Манифестацијата прогласени беа и најуспешните производители на праз за 2025 година. Мехрун Демов,  Синаси Шавлев, Драги Колев и Васе Василев кои посакуваме да се мотив за земјоделците и од останатите населени места на општина Василево.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail