Со градежен материјал обезбеден од општина Василево деновиве беше изграден ограден ѕид на влезниот дел од дворот на црквата Св. Никола во Градошорци.
Информацијата за оваа најнова заедничка активност на општина Василево со црковниот одбор при црквата Св. Никола од Градошорци,, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов кој нарави увид во активностите .
„На влезот од црквата „Св. Никола“ во Градошорци е изграден нов ограден ѕид, со што овој свет храм добива дополнителна уреденост и безбедност. По барање на црковниот одбор, Општина Василево го обезбеди потребниот градежен материјал за реализација на овој заеднички проект. Со посветена соработка меѓу локалната самоуправа и црковната заедница, продолжуваме да инвестираме во објекти од духовно и културно значење, кои се важен дел од нашата традиција и идентитет. Работиме заедно за поубава и подобро уредена општина Василево“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.
Општина Василево континуирано има добра соработка со црковните и џамиските одбори на светите храмовите во населените места на општината. Финансиската поддршка или помош во градежен материјал е вообичаен начин преку кој општината им помага на црковните и џамиските одбори за реализирање на потребите поврзани со почитување и практување на верата, обичаите и верските обреди.
Нова инвестиција за црквата „Св. Никола“ во Градошорци


