Обезбедени средства за оградување и партерно уредување на училишниот двор во Ангелци

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели информација со која го најавува скорешниот старт на оградувањето и партерното уредување на дворот на училиштето во Ангелци.
„Обезбедивме средства, преку Министерството за транспорт и врски, за негово целосно уредување. Уредувањето на училишниот двор опфаќа: изградба на детско игралиште со нови модерни содржини; опрема за вежбање и рекреирање; нови зелени површини; нова урбана опрема(клупи и корпи за отпадоци); изградба на ограден ѕид; поставување на метална ограда; изградба на пристапни патеки. Децата се иднината на секое општество. Тие заслужуваат безбедни и инспиративни простори за игра и престој. Продолжуваме посветено да работиме и да ги реализираме ветувањата – чекор по чекор, проект по проект. Заедно градиме подобра општина“, информира градоначалникот Андонов.
Средствата за реализација на сите наведени активности, според предмер пресметката  изнесуваат 4 353 893 денари од кои 2 440 000 денари се обезбедени преку Проектот за поврзување на локани патишта (ППЛП) на Министерството за транспорт со заемот од Светска банка, и 1 913 893 денари од Буџетот на општина Василево, за што Советот на општина Василево на една од своите седници има донесено одлука.
Изборот на компанија изведувач на активностите на терен и компанија за вршење надзор на активностите,  беа последните активности, што значи,  дворот на ПУ „Гоце Делчев“ во с. Ангелци набргу ќе почне да го менува својот лик.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail