На влезот во населеното место Василево, во паркот каде е лоциран и параклисот на Св. Јован Крстител, општина Василево спроведе активности на поставување на знамето на Р.Македонија и обнова на ротирачкиот елемент со грбот на општина Василево.
Видео инсерт од актиовноста, https://www.facebook.com/reel/1921401041798857,преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.
„Влезот на Василево повторно добива душа. Она што со години беше запоставено и заборавено, денес повторно се уредува со љубов и почит. Во дворот на параклисот Св. Јован Крстител, на самиот влез во нашето Василево, повторно ќе го видиме грбот на Општина Василево и знамето на Република Македонија – симболи на идентитет, гордост и припадност. Ова е повеќе од уредување на простор. Ова е враќање на достоинството, потсетник кои сме и од каде доаѓаме. За Василево што го сакаме. За Василево што го градиме. За Василево што им го оставаме на идните генерации“, стои во објавата на Градоначалникот.
Овој парк е изграден во 2015 година, а набрзо потоа и праклисот посветен на Св. Јован Крстител. Оградувањето како финална активност се реализаираше во периодот на 2023 и 2024 година.
