Општина Василево асфалтираше улица во с. Дукатино

Во текот на вчерашниот ден, општина Василево асфалтираше улица во населеното место Дукатино. „Развојот на општина Василево мора да продолжи! Асфалтирана е улица во село Дукатино. Нашата цел е јасна — ниедна улица да не остане неасфалтирана во општина Василево. Продолжуваме со работа, чекор по чекор, за подобра инфраструктура и подобар живот за сите граѓани“, стои во најновата објава на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов на неговата ФБ страна, https://www.facebook.com/vasilevo24, по направениот увид во градежните активности во Дукатино.
Улицата е долга 110 метри и широка околу 3 метри,  односно вкупната асфалтирана површина изнесува 345 м2. Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкцијаа и одржување на локални патишта и улици за 2025 година а Буџетот планиран за нејзина изградба, согласно Договорот со компанијата изведувач изнесува 453 767 денари.  Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево за 2025 година.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail