Денес, во Домот на културата во с. Василево, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов беше домаќин на настан во рамки на ПХВ Проектот организиран од ОО Црвен крст, Струмица во соработка со ООУ „Гоце Делчев“, Василево, ООУ „Маршал Тито“, Муртино и ДСУ РЦСОО „Никола Карев“, Струмица.
„Денес сме овде во име на хуманоста и хуманите вредности да посведочиме на еден убав чин во кој ученици од различни училишта и различни возрасти преку јазикот на модата, поезијата и уметноста ќе ни пренесат убави пораки за нашиот однос кон животот и општочовечките вредности“, рече во своето поздравно обраќање, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој посака уште вакви моменти во иднина кои можат да ги пренесат младешкиот дух, енергија и хуманост. „Да ја понесеме со себе енргијата што овие млади луѓе ја шират преку уметноста и одовде да излеземе побогати со една емоција на хуманост и љубов кон сите“, рече Андонов.
Пред присутните, продефилираа ученичките облечени во моделите изработени од ученици. Ревијата беше проследена со стихови поезија напишана од учениците а инспирирана од облеката која беше прикажана на ревијата.
За соработката со Црвен крст и континуиораната поддршка на нивните активности градоначалникот на општина Василево доби благодарница.
На настанот присуствуваше и секретарот на ОО Црвен крст Струмица , претставници од ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ученици од ова училиште.

















