Општина Василево меѓу најтранспарентните во регионот

„Општина Василево – пример за транспарентност! Како градоначалник, горд сум што Василево е меѓу најдобрите во државата и што секој ден заедно пишуваме успешна приказна.  Според истражувањето на Индексот на активна транспарентност, Василево е:
2-ро место во Југоисточниот регион.  24-то место на ниво на државата. Со освоени 91,3%, нашата општина се најде пред многу поголеми општини во Македонија. Тоа е јасен доказ дека не е важна големината, туку посветеноста и чесната работа за граѓаните. Ветивме транспарентна општина и тоа ветување го исполнуваме. Продолжуваме со уште подобри резултати за Василево!“, стои во ФБ објавата на градаоначалникот на општин Василево,  Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, во врска со податоците објавени од страна на Центарот за граѓански комуникации, https://www.ccc.org.mk/,  а кои се однесуваат на годишното рангирање на институциите според индексот на активна транспарентност, https://www.ccc.org.mk/images/aktivna%20transparentnost%202025f.pdf.
Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Наспроти тоа, во случаите кога до институцијата се доставува барање за одредена информација, станува збор за „реактивна транспарентност“.
Институцијата којашто објавува информации врз проактивна основа остварува корист по неколку основи: активната транспарентност ѝ помага на институцијата да биде поодговорна во трошењето на јавните пари; на тој начин институцијата ги промовира принципите на добро владеење и интегритет и институцијата е поефикасна бидејќи подобро управува со информациите со коишто располага.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail