Пет Договори за финансирање на пет проекти со поддршка на Владата

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов официјално ги потпиша петте Договори за финансирање на петте проекти со кои општината аплицираше на Владиниот повик за средства обезбедени од унгарскиот заем. Се работи за капитални проекти за кои вкупните обезбедени средства, согласно потпишаните договори изнесуваат околу 1,5 милионо евра, рекордна инвестиција во општината од нејзиното постоење.
„Нека се аирлија! Ги потпишав договорите за 5 проекти за финансирање со поддршка на Владата на Република Македонија во рамките на Јавниот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа. 5 нови проекти со целокупната потребна документација за нивна реализација се:
-Изградба на отворен канал во Дукатино;
-Изградба на фекална канализација во Радичево;
-Реконструкција и ревитализација на улица од влез до центар на Пиперево;
-Реконструкција на улица во Нова Маала кон гробишта и
-Изградба на последен крак од фекална канализација во Пиперево“, стои во објавата на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.
Изразувајќи благодарност до Владата и Премиерот на Р.Македонија, градоначалникот Андонов потенцира дека потпишувањето на овие Договори е покажување на дело како се работи во пракса и како се реализираат дела.
„Изминатиот период работевме посветено се со цел да ја подготвиме целокупната документација за реализација на овие проекти и да бидеме подготвени за Јавниот повик од Владата. Изразувам благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Hristijan Mickoski за реализацијата на овој проект со кој општините низ цела Македонија бележат историски развој. Граѓаните заслужуваат модерна и инфраструктурно развиена општина Василево. Изминатите 3 години на дело покажавме како се работи и како се реализираат дела“, стои во објавата на градоначалниот Андонов.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail