Пет улици во с. Градашорци се подготвуваат за асфалтирање

Во населеното место Градашорци во тек се градежни активности на пет улици, чија изградба е планирана со годишната Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици а средствтата се обезбедени  со Буџетот за 2025 година.
Во тек се земјени активности, по што ќе следува асфалтирање на истите. Увид во активностите изврши градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, кој информацијата со детали за улиците ја сподели преку социјалните медиуми.
„Во Градошорци подготовка за асфалтирање на пет улици: улицата кај Ванчо Ристов; улицата кај сливите во Турско маало; улицата во Варваричка маала; улицата кај Трајчо Динчев и  улица пред каналот во Турското маало. Конечно после долги години очекувања на граѓаните, од оваа населено место овие улици ќе бидат целосно уредени“, стои во објавата на градоначалникот Андонов кој воедно го најави и континуитетот во изградбата на улици и во останатите населени места кои се планирано со Програмите за оваа година.
„Во наредниот период, ќе се асфалтираат улици во сите населени места во општина Василево! Го менуваме ликот на Општина Василево“, порачува Андонов.
Согласно податоците од техничката спецификација која е дел од тендерската документација и Договорот со компанијата изведувач, улиците во изградба во с. Градашорци се со вкупна должина од 606 метри односно површина од 1987 м2 и буџет во износ од 3 115 855 денари, средства обезбедени од сопствените извори на приходи на општината.

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail