„Владиевци доби реконструирано кошаркарско игралиште. Поставена е модерна тартан подлога и со тоа ова игралиште е прво од ваков тип во нашата општина. Нова ограда, нови кошеви. Многу генерации деца, спортисти и натпреварувачи од Владиевци ќе имаат спомени од детството на оваа игралиште . Владиевци доби ново квалитетно место за рекреирање. Го менуваме ликот на Општина Василево“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов со која информираше за комплетното завршување на сите планирани активности на кошаркарското игралиште во с. Владиевци. Дел од финалните активности на терен може да се видат на видеото, https://www.facebook.com/vasilevo24/videos/1842317906689072, при увидот направен од страна на градоначалникот Андонов.
Реконструкцијата е целоса и истата е направена со поддршка и партнерство со Државната видео лотарија на Македонија – Касинос Аустриа ДОО Скопје кои го имаат обезбедено вкупниот буџет кој изнесува околу 1 000 000 денари.
Одсега сите сегашни и идни спортисти чиј избор е кошарката, ќе спортуваат и ќе се натпреваруваат во овој современо уреден простор, ограден, осветлен и со специјална тартан подлога.
На ова игралиште години наназад, по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица се одржува и традиционалниот Street basket турнир на кој се натпреваруваат екипи од регионот.





