Се одржа традиционалниот „Марш до Варварица“

„Традицијата продолжува! И оваа година, Општина Василево го организира традиционалниот Марш на Варварица, настан што обединува љубители на природата, спортот и пријателството. Прекрасната природа, позитивната енергија и заедништвото се она што го прави овој марш посебен секоја година. Заедно чекориме по патеките на нашата убава Варварица, уживаме во свежиот воздух и ја негуваме љубовта кон нашето поднебје“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, по повод вчерашното одржување на традиционалниот „Марш до Варварица“.
Повод за настанот е одбележување на 81-та  годишнина од формирањето на првиот Околиски комитет на народноослободителниот младински сојуз на Македонија и првиот Народноослободителен одбор за Струмица и струмичко.
За настанот беше прочитан реферат а пред спомен плочата-потсетник за случувањата  од 1944-та, свежо цвеќе положи делегација на општина Василево предводена од градоначалникот Славе Андонов.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail