Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, информирајќи за последните активности поврзани со чистењето на дивата депонијата во населеното место Василево, на својот ФБ профил, меѓу другото напиша:
„Сите добро се сеќаваме дека оваа депонија, беше огромна темпирана бомба во непосредна близина на Василево. Некои само зборуваа, ние ја исчистивме Несовесноста кај одредени поединци, предизвика повторно фрлање на отпад на оваа локација“.
Да потсетиме дека општина Василево минатата година целосно ја исчисти оваа депонија, https://opstinavasilevo.gov.mk/%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be-%d0%b8%d1%81%d1%87%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d0%be/, за која како што информиравме, зафаќаше површина од околу 20 декари и цели ридови од отпад во организирана активност од страна на општина Василево беа отстранети и дислоцирани.
Градоначалникот Андонов изведстувајќи ги граѓаните дека нема да дозволи повторно повторно создавање на таква еколошка бомба, ги информираше и за другите преземени активности: „Ги известувам сите граѓани, дека нема да дозволиме повторно да се создаде еколошка бомба во непосредна близина на Василево. Воедно ги информирам граѓаните дека општина Василево, од денес постави чувар на местото кое граѓаните го користеа како депонија и секој кој ќе биде затечен, како фрла отпад ќе биде санкциониран. Наредниот период ќе иницирам средба и со надлежните институции, се со цел, да може решително да се спротиставиме и на честите случаи на горење кабли, токму во овој дел од Василево.
Ретко кој веруваше во реализацијата на овој проект,но сведоци сме дека беше реализиран“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, со која практично ја покажува решеноста на општина Василево да се справи со дивите депонии и несовесните жители на општината кои ќе мора да престанат неконтролирано да фрлаат отпад и да ја загадуваат природата и своето најблиско животно опкружување.


