Славе Андонов по втор пат избран за градоначалник на општина Василево

Славе Андонов по втор пат ја доби довербата на граѓаните да ја води општина Василево и во наредните четири години. Според податоците објавени на страната на  Државната изборна комисија, https://rezultati.sec.mk/mk/mayr/r/12, Славе Андонов има освоено 73,79% гласови од излезените гласачи односно вкупно 4308 гласа.
Јавна благодарност за изборот упати преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,
„Благодарам за огромната поддршка! Народот си го кажа своето — победата е историска!
Довербата што ми ја дадовте е огромна и претставува признание за сработеното, но и обврска да продолжиме уште поенергично да работиме во интерес на граѓаните. Победа од 4:1 Разлика од над 3000 гласа Историски 11 советници на листата на ВМРО-ДПМНЕ
Оваа победа е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е најдобрата политичка понуда во општина Василево“,
Андонов вети продолжување на реализацијата на планираните активности со  истата посветеност.  „Од денес, повторно сме на терен — со истата посветеност, со нова енергија и со јасна цел: реализација на нови проекти и уште поголем развој на нашата општина.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Василево!Да живее Република Македонија“, стои во објавата на градопначалникот Андонов.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail