Советот на општина Василево ја одржа 55-та седница

Синоќа, во Домот на културата во Василево, со почеток во 20,00 часот Советот на општина Василево ја одржа 55-та седница. Дневниот ред, на предлог на претседателот на Советот, Ристо Делијанов беше дополнет со уште еден предлог: Донесување Одлука за согласност за паралелки со помал број од законски утврдениот број во ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
Заедничко за сите предлози од дневниот ред е што се усвоени едногласно, без дискусии и забелешки. Осум  од вкупно десетте точки се од областа на работата и функционирањето на воспитно образовниот процес. Годишната програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната 2025/2026 година; Годишниот извештај за работата на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната 2024/2025 година; Годишниот план за вработување за 2026 година на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево; Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за прием на повеќе или помалку деца во група; Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОПУДГ „Прва радост“, Василево; Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за утврдување на комисија за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и Утврдување на поблиски критериуми за прием на деца, се точките кои беа усвоени а се во функција на непречено функционирање на работата на детската градинка.
Од областа на образованието усвоени беа Годишната програма за работа на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2025/2026 година и Одлука за согласност за паралелки со помал број од законски утврдениот број во ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
Усвоен беше и Годишниот план за вработување за 2026 година на општина Василево.
Во пресрет на локалните избори, Соцветниците едногласно ги утврдија и местата на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати, при тоа обезбедувајќи еднакви услови за сите организатори на изборната кампања во општина Василево.
Во населеното место Василево тоа се трафостаниците 2,3 и 4. Во Градашорци – трафостаицата 2; во Ангелци, трафостаница 2; во Едрениково, трафостаница 1; во Пиперево, трафостаница 1 и 2, во Владиевци- трафостаница 2; во Радичево, трафостаница 2; во Дукатино, трафостаница 2; во Добрашинци, трафостаница 1 и Домот на културата; во Нова Маала, Домот на културата и во населеното место Чанаклија, кај селската чешма. Исто така изборни плакати можат да се истакнат и на електричните столбови како и помеѓу два електрични столбови во населените места. Не е дозволено да се поставуваат плакати на електричните кабли од електричните столбови,  на мостовите во населените места во кои ги има, на културно-историски споменици и дрвја во населените места на општина Всилево.
Во Одлуката е регулирано и отстранувањето на изборните плакати и тоа во рок од 30 дена по завршувањето на изборите. Во спротивно тоа ќе го направи ЈПКД „Турија“, Василево на сметка на организаторот на кампањата.
Непочитувањето на одредбите од оваа Одлука е казниво според одредбите на Изборниот законик.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail