Успешно реализирана крводарителска акција во Василево

На 28.07.2025 година (понеделник), во Василево во просториите на Домот на културата, Службата за трансфузиона медицина, Струмица, во соработка со ОО Црвен крст Струмица и коордринација на општин Василево, успешно реализираше крводарителска акција со вкупно 24 донирани крвни единици.
Граѓаните на општина Василево, како и секогаш и во овие специфични услови со високи температури одговорија на повикот на организаторите, даруваа крв, давајќи свој придонес во вечната битка за спасување на нечиј живот.
Дел од акцијата беа и вработените во општинската администрација, кои традиционално активно учествуваат во крводарителските ативности.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail