Градоначалникот на општина Васиево Славе Андонов, во текот на вчерашниот ден беше во посета на црковните храмови во населениоте места Радичево и Требичино. Во Радичево, се поклони во црквата Св. Илија каде црковниот одбор од ова населено место организираше сенароден црковен собир.
„Секогаш меѓу народот. Ја посетивме црквата Св.Илија, каде традиционално се празнува Преподобна Параскева – Петковден . Нека ни е за многу години празникот, да сте ми живи и здрави! Бог нека ни дава здравје на сите“, стои во неговата ФБ објава, https://www.facebook.com/vasilevo24, збогатена со фотографии од средбата со жиотелите на Радичево.
Истиот ден во чест на празникот Св. Петка, се поклони и во манастирот Св. Петка во с. Требичин, каде како што пишува во неговата ФБ објави се помоли за мир и здравје на сите. „Денот го завршивме во Требичино меѓу нашите сограѓани . Денес традиционално се празнува Преподобна Параскева – Петковден во црквата Св.Петка Требичино. И оваа година верниците ја исполнија црквата . Се помолив за здравје и мир на сите. Нека ни е за многу години празникот, да сте ми живи и здрави! Бог нека ни дава здравје на сите“.
Градоначалникот на општина Василево со граѓаните на Радичево и Требичино








