ОК Сушево од Сушево, во саботата на 01.11.2025 година, со резултат од 3:0 ја победи екипата на Џио Струмица, со што ја извојува првата победа во новата натпреварувачка сезона. Натпреварот се одира во спортската сала Парк во Струмица.
Упатувајќи им честитки, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, информацијата за победата на ОК Сушево ја сподели на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24. „Прва победа за ОК Сушево во новата сезона! Честитки момци — ја покажавте вашата борбеност и посветеност! Им ја даваме нашата целосна поддршка, од Општина Василево и лично од мене како градоначалник. Напред кон нови победи“.
Општина Василево преку Одлуките на Советот за финансиска поддршка и практично го поддржува функционирањето на овој одборкаски клуб кој е еден од најдобрите репрезенти на општината надвор од нејзините граници.