На 11.11.2025 година (вторник) со почеток во 09,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи Втората седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-решение за формирање на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;
- Предлог-решение за формирање на Комисија за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата;
- Предлог-решение за формирање на Комисија за општествени дејности;
- Предлог-решение за формирање на Комисија за земјоделие и заштита на животните и растенијата;
- Предлог-решение за формирање на Комисија за статут и прописи;
- Предлог-решение за формирање на Комисија за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита;
- Предлог-решение за формирање на Комисија за еднакви можности;
- Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2026 година;
- Предлог-одлука за определување на членови на Советот на општина Василево да учествуваат во постапката при склучување на бракови во општина Вaсилево;
- Давање согласност за паралелки под законски минимум за учебна 2025/26 година во ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала;
- Годишен извештај за работа на ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за учебната 2024/2025 година;
- Годишен извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев“, с. Василево за учебната 2024/2025 година;
- Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Турија“, Василево за трето тромесечие за 2025 година за период од 01.01.2025г. до 30.09.2025 г.
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2025 година;
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на просторот на градежно земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2025 година;
- Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2025/2026 година во зимски услови;
- Предлог-одлука за избор на член на Советот на општина Василево кој ќе учествува во процесот на одлучување за прашања на конфликт на интереси на Градоначалникот на Василево;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од ООУ „Гоце Делчев“, Василево;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Боби Горгиев од Градашорци;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Кик бокс клуб К1 Арена Рашо Струмица;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Зоран Костадинов од Василево;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Крсте Трајковски од Добрашинци.