Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов како што информираше преку неговиот ФБ профил, во текот на вчерашниот ден, остварил работна средба со градоначалниците од општините Струмица, Босилово и Ново Село, Петар Јанков, Ристо Манчев и Ѓорѓе Божинов. На средбата било отворено прашањето за заедничка соработка со цел, како што прецизира градоначалникот Андонов, преку заеднички проекти квалитативно подобрување на условите за живот во целиот регион.
„Се разговараше за нови можности за заеднички проекти, подобра регионална поврзаност и унапредување на животот во целиот Струмички регион. Нашата цел е јасна – преку соработка, координирана работа и споделени ресурси, да создадеме уште подобри услови за сите граѓани. Следуваат конкретни чекори и резултати во интерес на целиот регион“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/o.vasilevo.
Средбат на градоначалниците од регионот беше во кабинетот на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков.
Градоначалникот Андонов на средба со градоначалниците од Струмичкиот регион



