Дневен ред за четвртата седница на Советот на општина Василево

На 26.12.2025 година (петок) со почеток во 18,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи четвртата седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за измена и дополнување на програмата за развој за 2026 година;
  2. Предлог-одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата основното образование за 2026 година;
  3. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници за 2026 година;
  4. Буџетски календар за 2026 година;
  5. Буџет на општина Василево за 2026 година;
  6. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2026 година;
  7. Предлог-програма за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево  за 2026 година;
  8. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2026 година;
  9. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2025 година;
  10. Елаборат за промена на времетраењето на ученичките паузи во текот на наставата во ООУ „Гоце Делчев“, Василево;
  11. Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево;
  12. Давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, Василево;
  13. Предлог-одлука за донација на ЈЗУ Општа болница, Струмица;
  14. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ОК „Сушево“ од Сушево;
  15. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Општински фудбалски сојуз Струмица,
  16. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од МЗ Пиперево;
  17. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ЛД „Беласица“, Струмица;
  18. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Академија „Христов“.

дневен ред

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail